Продолжува да врне дожд и денеска
Без чадор не излегувајте од домот и денеска. Синоптичарите и за денешниот ден велат дека не очекува претежно облачно време со врнежи од дожд.
На места врнежите се очекува да бидат пообилни, а локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.
Утринската температура на воздухот во земјава ќе се движи во интервал до 7 до 14 степени целзиусови, додека максималните дневни температури на воздухот ќе го достигнат максималниот 19 степен целзиусов. Што значи денес ќе има опаѓање за некој степен во дневните температури.
Облачното и нестабилно време, со врнежи од дожд според метеоролозите ќе имаме во текот на цела оваа седмица.
Слично
