Продолжува проектот „Купи куќа-купи стан“, досега се доделени 228 кредити
Преку проектот „Купи куќа-купи стан“ досега се дадени кредити за 197 станови и 31 куќа, информираше денеска министерот за финансии Зоран Ставрески. Тој најави дека проектот и понатаму ќе трае, па кој сака да си купи куќа или стан со помош на државата ќе може да аплицира и идната година . Објава за новите корисници ќе биде пуштена на почетокот на јануари појасни Ставрески, која како што изјави, бил задоволителен од интересот за проектот кај граѓаните кои аплицирале од цела Македонија.
„ Од Скопје има 151 корисник. Во општина Кисела Вода 59, во Аеродром 45, во Ѓорче Петров 27, во Гази Баба 7, во Карпош 5, Чаир 3, во Бутел 3 и во Центар 2 апликации. Во Битола има 16 корисници на кредитот, во Струмица 12, во Куманово 10, во Гевгелија 6, во Кичево 5, во Радовиш и во Прилеп по 7“, прецизираше Ставрески.
Притоа дадена е околу 1,4 милиони евра државна помош, додека сумата на кредитите проектот „Купи куќа-купи стан“ е вкупно 7,4 милиони евра или како што додаде Ставрески 12 отсто од вкупно одобрените станбени кредити во државата.
Идната година, според Ставрески, објавите за овој проект ќе бидат почести.
Слично
