Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжен рокот и за патот Демир Капија-Смоквица, 28 км се градат 7 години

Продолжен рокот и за патот Демир Капија-Смоквица, 28 км се градат 7 години

Ниту автопатот Демир Капија-Смоквица нема да биде комплетиран во претходно утврдениот временски рок, односно Владата ја усвои Информацијата за потребата од потпишување на анекс на Договорот за изградба на автопатска делница со што се продолжува времетраењето на Договорот за изградба до 28 февруари 2018 година.

Ваквото одложување ќе значи и потреба и дополнителен надзор над градежните работи до продолжениот рок, па така според првичните проценки ќе треба да се дадат и 850 илјади евра за надзорот, но анексот не предвидува дополнителни средства за  градежните работи што треба да бидат изведени за завршување на автопатот, туку ќе се искористат средства кои веќе се обезбедени во рамки на тековниот заем наменет за реализација на проектот.

Градежните зафати се однесуваат на дислокацијата на далноводот на МЕПСО и на изградбата на контролниот центар.

Со потпишување на Анексот ќе се овозможи завршување и пуштање во сообраќај на новата автопатска делница Демир Капија – Смоквица, како дел од Пан-Европскиот Коридор 10 најдоцна на почетокот на март 2018 година. 

Вредноста на автопатската делница долга триесетина километри достигна неверојатни 280 милиони евра и првично по трасата Демир Капија - Смоквица веќе требаше да се вози до југот на земјата. 28-те километри се проаѓаат по шест мостови и два тунели, изградени со најмодерна технологија. Автопатот веќе 7 години се чека да биде ставен во употреба во целост.

Грчката компанија „Актор“ која ги изведуваше градежните работи е под истрага како во ЕУ, така и во Грција, но случајот се уште нема судска разрешница.

Слично

Поврзани вести