Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжен притворот на поранешниот државен правобранител Стафа

Продолжен притворот на поранешниот државен правобранител Стафа

Дополнителни 30 дена продолжен притворот доби поранешниот државен правобранител Фехми Стафа по одлука на надлежниот суд, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Стафа е осомничен за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание и против него се води истрага поради сомнежи дека посредувал со цел да влијае врз судска одлука, неофицијално во корист на Љупчо Пецов - Ѓаволот, бизнисмен со нафтени деривати.

Според обвинителството, во периодот од октомври до декември 2025 година, тој побарал 100.000 евра, а примил вкупно 50.000 евра, за да изврши влијание врз судија од Апелациониот суд Скопје со цел да биде укинат притворот на лице кое во тој момент било во бегство.

Судот ја продолжи мерката притвор оценувајќи дека и натаму постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и постапката, како и ризик од повторување на кривичното дело.


Слично

Поврзани вести