Продолжен притворот за Тони Јакимовски, кој беше уапсен во судот
Притворот на Тони Јакимовски, поранешниот асистент на екс-директорот на УБК Сашо Мијалов, му е продолжен за уште 30 дена.
Поранешниот шеф на кабинетот на директорот на УБК беше уапсен на судско рочиште на 14 март додека присуствуваше како обвинет за масовното незаконско прислушување во случајот на СЈО „Тврдина-Таргет“,
Тој е осомничен за проневера на пари во УБК заедно со уште две лица, на кои исто така им беше продолжен притворот за 30 дена.Се работи за сума во вкупен износ од 50.670.000 денари или приближно 823 илјади евра.
Слично
