Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжен притворот на поранешниот директор на УБК

Продолжен притворот на поранешниот директор на УБК

Кривичниот суд му го продолжи притворот на Владимир Атанасовски, кој своевремено беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање кога на 27 април толпа упадна во македонското Собрание.

Атанасовски беше еден од оние кои поднесоа барање за амнестија согласно новото законско решение, но не се најде во категоријата на обвинети кои ги исполнуваа критериумите.

Атанасовски беше приведен на барање на обвинителката Вилма Русковска по сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои во својата одбрана обелоденија дека упадот во Собранието го организирале структури од Управата за безбедност и контраразузнавање, на чие чело тогаш беше Атанасовски. Обвинителството го гони за кривично дело здружување заради непријателска дејност.

Владимир Атанасовски беше поставен за директор на УБК во септември 2016 година, по оставка на тогашниот директор Сашо Мијалков и ја извршуваше таа функција до јуни 2017 година.



Слично

Поврзани вести