Продолжен полицискиот час: Ќе трае подолго од очекуваното
Владата на Македонија вчера донесе одлука за продолжување на полицискиот час во траење од 22 часот навчер до пет часот утрото се до 6 април.
Имено, оваа одлука се донесе по препорака на Комисијата за заразни болести.
Како што беше најавено, мерката полициски час се однесува на целата земја, објави владата.
Од друга страна, бројките на заразени со ковид 19 уриваат рекорди. Вчера имаше 30 починати лица а заразени нови 457 .
Досега, 3.503 лица починаа од коронавирус во Македонија.
Починатите биле на возраст од 50 до 84 години, а новиот број на заразени со Ковид е потврден со 1.682 тестови во претходните 24 часа, а 27,17 проценти од испитаниците биле позитивни.
Институтот за јавно здравје регистрираше дека се опоравиле уште 700 пациенти, па вкупниот број на излекувани пациенти се зголемил на 101 474.
