Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОДАЖНАТА МРЕЖА СЕ ШИРИ: Каде се ќе може да дополните „Скопска“ ?

ПРОДАЖНАТА МРЕЖА СЕ ШИРИ: Каде се ќе може да дополните „Скопска“ ?

За поефикасна функција на електронските картички кои се во употреба веќе неколку месеци и кои можеби го олеснија функционирањето во автобусите на ЈСП целосно праќајќи ги во историјата хартиените билети од ЈСП ја проширија мрежата.

Освен во досегашните триесеттина продажни места и билетарници за дополнување на картичката позната како „Скопска“ можете да ја наполните со возења на уште 45 места.

Тоа се маркети, трафики, тобака и слично кои што се наоѓаат на најфрекфентните места во градот и општините во Скопје.

Меѓутоа, од ЈСП посочија дека идната недела во функција ќе бидат ставени уште 15 апарати.

ЈСП Скопје објави и јавен повик до сите заинтересирани субјекти за соработка, што значи дека продажната мрежа ќе се шири.

Досега на овие продажни места на претпријатието можеа да се надополнат картичките.


Слично

Поврзани вести