Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПРОДАВАЛЕ ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ“, НО ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ - уапсени двајца државјани на Романија, едниот малолетник

„ПРОДАВАЛЕ ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ“, НО ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ - уапсени двајца државјани на Романија, едниот малолетник

Две лица од Романија, од кои едниот малоелтник се уапсени откако измамиле повозрасна скопјанка и одзеле пари и златен накит, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

- На 22.04.2026 околу 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Г.(35) и еден малолетник, двајцата од Романија, постапувајќи по претходна пријава дека измамиле 83-годишна скопјанка.
Според пријавеното, Ј.Г. дошол во домот на оштетената на подрачјето на Ѓорче Петров, претставувајќи се како продавач на луксузни производи за домаќинство и со измама и одзел 300 евра и златен накит, во вредност од околу 300.000 денари. 
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава - се посочува во објавата. 



Слично

Поврзани вести