ПРОДАВАЛ МАРИХУАНА: Грк уапсен во Охрид
Во Охрид е уапсен грчки државјанин, осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Д.(31) од Република Грција, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик“, велат од МВР.
По преземени мерки било утврдено дека тој набавувал и препродавал марихуана на зависници од Охрид, а бил затекнат од полициски службеници при достава, по што бил лишен од слобода.
Слично
