Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОДАВАЛ ГРЕЈАЧИ ЗА БЕБЕШКИ ШИШИЊА ПРЕКУ ФЕЈСБУК - кога муштериите се пожалиле на лоша стока, едноставно ги блокирал

ПРОДАВАЛ ГРЕЈАЧИ ЗА БЕБЕШКИ ШИШИЊА ПРЕКУ ФЕЈСБУК - кога муштериите се пожалиле на лоша стока, едноставно ги блокирал

Не бадијала се рекло дека треба добро да се внимава кога се купува преку профили од фејсбук, кои не даваат ни фискални сметки, ниту човек знае каде да ги најде. 
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против О.И.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измамување на купувачи" по член 248 од Кривичниот законик.
„Пријавениот, во текот на 2021 година, на социјалната мрежа Фејсбук креирал профил за продажба на производи и со намера да ги измами купувачите објавил дека продава грејач за шише за хранење на бебиња. После тоа, неколку граѓани го нарачале производот и откако го добиле увиделе дека доставениот производ воопшто не одговара на содржината, видот, потеклото и квалитетот како што било наведено во објавата на профилот. Откако некои од граѓаните се обиделе да го вратат производот, пријавениот ги блокирал преку креираниот профил, по што не можеле да остварат комуникација со него и да го вратат производот“, се вели во соопштението од МВР.

Слично

Поврзани вести