Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продавачка во Белгија заработува колку лекар во Загреб

Продавачка во Белгија заработува колку лекар во Загреб

Маја Зовко од Загреб заминала да живее во Белгија, иако претходно била вработена во приватна музичка школа во Загреб. 

Заминала од приватни причини, а еден од мотивите и бил и менталитетот на луѓето. 

Вели дека како продавачка со половина работно време во Белгија заработува колку лекар во Загреб. 

„Во Белгија се преселив пред две години. Зошто сум таму? Затоа што е тоа една исклучително стабилна земја економски и е на час и половина со авион оддалеченост од Загреб, и тоа ми е сигурност дека можам да се вратам кога сакам.  По природа сум отворена, оптимист и тмурната атмосферата во Хрватска никогаш не ми одговарала“ ш раскажува Зовко. 

Таа вели дека собирањето на сите потребни документи и било тешко искуство, но сега веќе за Хрватите процедурите се олеснети. 

Бидејќи го знае фламанскиот јазик се вработила во дуќан. Работи по 26 часа неделно, вели дека ги покрива сите трошоци, купува што е потребно, патува по Европа и секој месец штеди од 150 до 200 евра. 

Раскажува дека кириите се од 600 до 1000 евра и затоа сите живеат со цимери, но сепак е задоволна од она што го постигнала. 



Слично

Поврзани вести