Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продавачка со ловечка пушка уби муштерија во крушевско

Продавачка со ловечка пушка уби муштерија во крушевско

Утринава во девет часот продавачка во локална продавница, во крушевското село Светомитрани, убила соселанец, информираше Министерството за внатрешни работи. 

- Вработена во Пусо Пром, М.П. родена во 1983-та година, по кратка расправија е осмничена дека со ловечка пушка пукала воН.Д., роден 1973-та година, при што му нанела фатална рана во главата, велат од МВР.

Повикан јавен обвинител кој треба да ја води истрагата за убиството. Секторот за внатрешни работи - Битола извршил увид во присуство на обвинителот. По негова наредба телото е однесено на обдукција. Жената е приведена.


Слично

Поврзани вести