Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продаваат куќи за 1 евро, а се на 15 км од плажа

Продаваат куќи за 1 евро, а се на 15 км од плажа

Сан Пјеро Пати е италијанското гратче кое одлучи старите и напуштени куќи да ги продаде по 1 евро. 

Целта е да заживее ова ридесто место во Сицилија. 

Заради миграција и стареење на населението ова место е мртво, и треба да се спречи негово исчезнување. 

Местото е на 15 минути од плажа, а оние кои ќе купат куќи ќе мора да ги обноват и тоа по можност со домашни мајстори. 

Првите куќи ќе бидат продадени идната година, а добредојдени се и странски државјани. 

Местото пред 20 години имало 4000 жители, а денес има 3000. 

Идејата ја добиле од градот Гарги кој на сличен начин во 2014 година привлече внимание. 

Слично

Поврзани вести