Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продановска: Инспекторите беа спречени да извршат контрола, од објектот излезе политичар

Продановска: Инспекторите беа спречени да извршат контрола, од објектот излезе политичар

Раководителот на Инспекциски надзор одделение Скопје, Мери Проја Продановска вечерва на прес - конференција изјави дека имало проблеми да се изврши контрола во објект на улицата Боемска. 

Вработените не отворале, а инспекторите влегле во објектот по два и пол часа. Продановска вели дека таму е затекнат еден политичар, односно претседател на политичка партија. Ова се случило по 18 часот.

„Еден апел до сите граѓани, до сите политичари, да се свестиме дека ситуацијата е драматична. Јавната свест пред се мора да биде“, рече Проја Продановска. 

Угостителскиот објект ќе добие кривична пријава, а ќе следи и пријава за попречување на инспекциски надзор. 

Ова е прв пат да наидат на ваков отпор, кажа Проја Продановска. 

Слично

Поврзани вести