Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОДАДЕНИ АКЦИИ НА ТТК БАНКА ЗА НАД 37 ИЛЈАДИ ЕВРА - еве колкав пакет доби новиот сопственик

ПРОДАДЕНИ АКЦИИ НА ТТК БАНКА ЗА НАД 37 ИЛЈАДИ ЕВРА - еве колкав пакет доби новиот сопственик

Малата, но прилично успешна ТТК банка, чии главен „газда“ е тетовскиот комбинат „Тетекс“, е секогаш интересна за инвеститорите.

Вчера преку блок трансакција некој купил мал пакет акции од таа банка, за кој платил 37 и пол илјади евра.

Поточно, вчера биле продадени за познат купувач 1.641 акција на ТТК банка, по цена од 1.407 денари за акција. 

Значи вкупната вредност на оваа берзанска зделка е 2,31 милиони денари или прецизно 37.543 евра. 

Со оглед на вкупниот број акции што ги има издадено ТТК банка, пакетот кој бил продаден вчера е многу мал и изнесува 0,17 проценти од вкупниот број акции.

Ако се погледне вчерашната цена по која на редовниот пазар се тргувало со акциите на ТТК банка, може да се забележи дека таа изнесувала 1.407 денари за акција, односно тоа е истата цена што е постигната во блок трансакцијата.

Инаку, ТТК банка има само еден акционер кој поседува над 5 отсто од акциите, а тоа е тетовскиот комбинат „Тетекс“, кој располага со 41,38 проценти од акциите на банката.

Н.Н.Ф. 

Слично

Поврзани вести