Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прочитани завршните зборови пред одлуката за „Тревник“ за Латас и неговите браќа

Прочитани завршните зборови пред одлуката за „Тревник“ за Латас и неговите браќа

Специјалното јавно обвинителство ги изнесе завршните зборови за Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан Павловиќ и Звездан Павловиќ обвинети за бесправно градење во Општина Зелениково во случајот „Тревник“ пред донесувањето на пресудата.

„Согласно член 56 став 1 од Законот за градење,  изведувањето на градби може да започне со издавање на одобрение за градење, а градбите и деловите од градбите изградени без одобрение за градење се бесправни градби. Оваа законска одредба  ги обврзувала обвинетите, пред да започнат со градење  на куќите во Зелениково, да имаат одобренија за градење на истите. Од доказите на обвинението произлегува дека обвинетите  Драган и Срѓан Павловиќ градбата на објектите за домување  ја започнале во текот на месец јули 2011 година, а обвинетиот Звездан Павловиќ  во текот на месец ноември 2011 година па,  откако започнале со бесправната  градба,  на ден 12.12.2012 година до општина Зелениково поднеле барања  за издавање одобренија за градење за изградба на викенд куќи, со прикривање на фактот дека градбата на објектите е веќе започната, по  што од страна на општината се издадени три одобренија за градење од 24.01.2013 година“, се вели во завршните зборови на СЈО.

Останатиот дел од завршните зборови може да се прочита овде.

Слично

Поврзани вести