Економија, финансии, бизнис

Контакт

Процентот на смртни случаи веднаш по хоспитализацијата многу висок: Пациентите многу доцна доаѓаат во болница

Процентот на смртни случаи веднаш по хоспитализацијата многу висок: Пациентите многу доцна доаѓаат во болница

Дури над 30 отсто од смртните случаи се регистрирани веднаш по првиот, односно до петтиот ден откако пациентите заразени со корона вирусот се примени во болница. Во однос на ваквата статистика, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека нивните анализи покажуваат декат тоа е директен резултат на тоа што пациентите многу доцна се јавуваат на лекување во болница.

– Има пациенти кои многу доцна се јавуваат во болница. Тоа го потврди и анализата за смртност. Тоа што е најважно е сите пациенти во болниците да кажуваат точни податоци. Давањето неточни информации од страна на пациентите ќе биде санкционирано, истакна министерот Филипче на вчерашната прес-конференција. 


Слично

Поврзани вести