„ПРОЦЕНКИТЕ НА ПЕНДАРОВСКИ ТРЕБА ДА СЕ ЗЕМААТ СО ГОЛЕМА РЕЗЕВА, НЕМААТ ДОСЛЕДНОСТ“: Милошоски со контра реплика кон поранешниот претседател
Не стивнуваат рекациите на политичките противници, утрово и пратеникот Антонио Милошоски со реакција на телевизисккото гостување на поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски.
- Пендаровски во 2020 зборуваше дека е „ван памет“ да се зборува за промена на македонскиот Устав во контекст на бугарското вето; тврдеше дека ги има сите информации од средбите со официјални лица од Бугарија и дека такво барање за Уставот не било ставено на маса. Потоа наведна глава пред потписот на Бујар Османи и стана главен промотор за смена на Уставот на Македонија.
ЗАТОА, проценките на Пендаровски треба да се земаат со голема резерва, бидејќи немаат доследност, а имаат повеќе оговарачка, отколку аналитичка основа - пишува Милошоски на социјалните мрежи како осврт на она што го порача Пендаровски во телевизиското гостување.
Потоа посочи дека „тоа што Пендаровски јавно пласира навреди за САД и за нивниот новоизбран претседател може да се смета и како имплицитен став на СДСМ, но и како слобода на говорот“.
- Сепак, владата на секоја демократска држава, во случајов САД, е прашање на избор на американските граѓани и Пендаровски, без разлика што е близок со тимот на Сорос, нема право да го оспорува демократскиот легитимитет на претседателот и владата на САД.
Македонија и САД во 2008-ма потпишаа документ за стратешко партнерство и тој взаемно-корисен однос треба да се одржува и продлабочува, без разлика на менувањето на владите и претседателите во двете земји. Затоа Пендаровски, ако не може или не сака да И помага на Македонија на меѓународен план, барем нека не И одмага, како во времето кога главни советници за надворешна политика му беа Фрчкоски, Ана Чупеска и Артан Груби, како експерт за пари и ресурс - нагласува Милошоски.
За потсетување, Пендарвски вчера гостуваше на телевизија Сител, каде зборуваше за одлуката на актуелната Влада да ја поддржи САД и новата политика која ја води претседателот Трамп, но и за поврзувањето со Унгарија.
