Економија, финансии, бизнис

Контакт

Проблемот со личните карти и пасоши ги „препука“ Чулев и Спасовски

Проблемот со личните карти и пасоши ги „препука“ Чулев и Спасовски

Препукувањата околу проблемот со личните карти и пасошите не престануваат да ја брануваат јавноста.

Токму оваа тематика денеска беше причина за обвинувања меѓу техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев и премиерот Оливер Спасовски.

Чулев прв на прес конференција го обвини Спасовски за незаконско работење во МВР, додека пак премиерот го демантираше, со порака да си го реши проблемот со документите за лична идентификација.

Спасовски на обвинувањето дека неговото раководење довело до недостиг на документи и незаконско спроведување на тендери и префрлање финансии на компанија Веридос, на Чулев му возрати дека додека тој управувал со МВР немало никакви пробчеми ниту со личните карти, ниту пак со пасошите.

Техничкиот премиер рече дека процедурите биле легални и законски, за се имало документи а органите нека истражат се што е правено и како е правено.

Првично Чулев го впери прстот во Спасовски дека незаконски биле носени постапки и се склучувале договори и тендери без да биде изведена тендерска спецификација.

Слично

Поврзани вести