Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОБЛЕМ КОЈ ГИ МАЧИ РОДИТЕЛИТЕ: Како највкусните намирници прават проблем кај се повеќе деца

ПРОБЛЕМ КОЈ ГИ МАЧИ РОДИТЕЛИТЕ: Како највкусните намирници прават проблем кај се повеќе деца

Се повеќе деца се нетолерантни на лактоза односно на млечен шеќер. Проблемот не е карактеристичен само во Македонија туку е светски. Според последните истражувања дури 70 отсто од светското население има проблеми во разградување на лактозата. Не се знае точно колкав е овој процент во Македонија, иако се почесто за тој проблем сведочат многу родители. Докторите велат дека родителите треба да се информирани и навреме да ги препознаат симптомите, иако практично тие се слични со други заболувања односно мачнини, надуеност, течна столица.

Млеко, колачиња, чоклолади. Кај некои деца овие навидум највкусни намирници прават многу голем проблем.

„Бевме на одмор во Турција каде храната е доста различна од нашата. Ќерка ми само два патисе напи од нивното млеко и во тие 12 дена само 2 патипиеше млеко. На крајот,некои5 денапред да си одимепочнаа мачнините, течна столица која не прекина и откако с евративме и покрај тоа што давав лек. По посетата на педијатар советите беа да го исфрлиме млекото и благото од секојдневна исхрана. Направивме тест за интолеранција на лактоза кои се покажаа позитивни, го раскажува своето искуство скопјанката Наташа.

Доктор Слаѓана Ристовска вели дека родителите треба да бидат внимателни.

„Интолеранцијата на храна во последно време е честа појава проследена со симптоми кои потсетуваат и се среќаваат кај многу други заболувања како од дигестивниот систем, невролошкиот , респираторниот. Па најчесто може и да остане навремено непропознаена и несоодветно третирана . Интолеранцијата на храна може да биде проследена со појава на мачнина, болка во стомакот, појава на гасови и надуваност, течна столица, понекогаш повраќање, тврда столица или пак симптоми на иритабилно црево. Појава на главоболка , замор, малаксаност , губење на мотивација и ред други симптоми кои честопати знаат да се препишат како резултат на работата, може да резултираат и да бидат поради интолеранција на некој тип на храна-објаснува за Фактор  Ристовска.

Интолеранција на храна наспроти алергијата на храна најчесто се среќава кај возрасните и кај адолесцентите и е со транзиторен односно минлив карактер и честопати знае да резултира и со потполнна толеранција на дадена храна“ – додава педијатарот.

„Син ми има три години. Уште од денот кога се вративме од болница спиеше многу немирно постојано плачеше. Сите ми викаа се е во ред има грчеви. Но, после 3тата недела почнаа страшни грчеви, пролив, не спиеше и по 20 саати плачеше. Го доев. И кога цицаше беше цицај пишти. Но, напредуваше многу добро. Прв месец 1500 грама, потоа по 1100 грама. и сите ме убедуваа дека се обични колики (болка во колонот - дел од дебелото црево). Но, кога направи 3 месеци а на сите бебиња на пријатели кои беа баш врсници, по една недела разлика им поминаа грчеви.Тука почнав да се сомневам дека има нешто“ – ја споделува приказната мајката Магдалена Данилова за Фактор.

Таа вели дека тројца педијатри крактеризирале дека таа е испаничена мајка, но читајќи, истражувајќи на социјалните мрежи наишла на една група во која се пронашла со симптомите.

По овие приказни, доктор Слаѓана за лекувањето на овој вид метаболно пореметување, најпрво препорачува конзумирање на намирници кои содржат лактоза , а потоа нивно постепено воведување во мали количини, со постепено нивно зголемување .

„Со ваквиот начин се зголемува подносливоста на лактоза дури постои и можност да се дојде до потполна толеранција. Кај лицата со интолеранција на лактоза се препорачува заменување на млеко без лактоза на почеток, како и наместо млеко конзумирање на ферментирани млечни производи (кравјо , козјо сирење, јогурт , кефир и сл.) кои содржат многу помалку лактоза и полесно се варат во дигестивниот тракт , а со тоа и симптомите на интолеранција се поблаги.

Интолеранцијата на лактоза и покрај тоа што не е опасна по самото здравје , сепак дигестивните тегоби кои ги опредизвикува влијаат врз квалитетот на секојдневното живеење. Перзистирањето на симптомите подолго време , може да доведат до неадекватна ресорпција на јаглени хидрати и останатите хранливи материи.


Ирена Ставрова

Слично

Поврзани вести