Пробиштип се запиша на листата на градови со заразени од Ковид 19
Пробиштип денеска се запиша во листата на градови со заразени од коронавирусот.
Засега има еден позитивен случај.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов апелира граѓаните да се почитуваат мерките за заштита.
„Минатиот месец информиравме за лице кое беше дојдено од Скопје, на кое откако му беше потврдено дека е позитивно на вирусот, лицата со кои имаше воспоставено контакти беа во самоизолација изминатиот период. За жал, едно од тие лица е позитивно на корона вирусот. Истото лице ќе остане на домашно лекување бидејќи се чувствува добро“, вели Анастасов.
Градови со најмногу заболени се Скопје и Куманово.
Во Македонија сега има 663 заболени.
Најмладиот пациент е четиримесечно бебе од Кочани.
Бебето и мајката се задржани на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
фото Википедија
