„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача
Професорката Мирјана Најчевска, разочарана од изборниот резултат денеска со своите пријатели сподели дека одлучила да ја напушти партијата, во чие основање значително се вложи.
Таа на својот Фејсбук профил објави писмо, во кое посочува дека изборниот резултат, односно малиот број на избирачки кои гласале за „Твоја партија“ ја натерало да ја напушти истата, со цел да остави простор други да се вклучат, кои можеби би придонеле со нивното членство или со поразличен пристап до развој на партијата.
- Бидејќи јас не се согласувам со и не прифаќам друг начин на делување освен јасно и гласно кажување на проблемите, цврсто држење до однапред поставените принципи и вредности кои се базираат на концептот за човековите права, демократијата и владеење на правото, и спротивставување на било кој облик на популизам и манипулација со луѓето, а очигледно ваквиот мој став нанесува штета на патијата, мислам дека е редно да ја напуштам партијата - напиша професоракта Најчевска во писмото објавено на Фејсбук.
Сепак, професоракта посочи дека ова воопшто не значи дека ќе исчезне од јавнот живот, туку напротив ќе продолжи како и досега „во одбрана на правата и слободите на луѓето, владеењето на правото, демократијата и достоинствен живот за луѓето соодветен за 21 век“.
Еве го целото нејзино обраќање:
Секако нејзината објава не ги остави луѓето без став, особено личности кои и самите се како професорката критичари на општествените случувања.
Еве го нејзиното писмо објавено на социјалната мрежа Фејсбук, за оние кои не можат да пристапат до нејзинот профил.

