Економија, финансии, бизнис

Контакт

Про-опозициски медиуми го нападнаа Ордановски дека е новиот Латас по разговорот со Мицкоски

Про-опозициски медиуми го нападнаа Ордановски дека е новиот Латас по разговорот со Мицкоски

Проопозициски медиуми пишуваат дека односот на водителот на 1ТВ, Сашо Ордановски, кон опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во синоќешното гостување е пандан на оној на Драган Павловиж Латас своевремено кон актуелниот премиер Зоран Заев.

„Нејасна е целта зошто Орданоски го поканил Мицкоски на интервју, а од она што го видовме – за да го понижува од позиција на домаќин, на некој кој по логиката на нештата е надреден. Повеќепати му повтори дека е машинец и не се разбира во право, па потоа да го пофали дека му оди математика“, напиша еден портал кој ја поддржува опозицијата.

Друг медиум тврди дека уредникот на емисијата „Печат на неделата“ вечерта покажал дека е заглавен во 2014 година.

„Реториката која ја користеше Орданоски во емисијата во која гостин беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски наликуваше на онаа од пред пет години. Веќе од 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ не е на власт, освен тоа, целото раководство на партијата е променето, а Орданоски упорно зборуваше за тоа што се случувало пред неколку години.

Иако свесен, Орданоски директно не ја осуди актуелната власт за непотизмот и за криминалот, две работи кои се синоним за владеењето на СДСМ“, беше напишано од таму.


Слично

Поврзани вести