Економија, финансии, бизнис

Контакт

Призната првата вина за „Рекет“ - Боки13 доби диазепам

Призната првата вина за „Рекет“ - Боки13 доби диазепам

Признание за примање награда за противзаконско влијание денеска пред судот даде Зоран Милески Кичеец.

Тој како трет осомничен призна вина во случајот Рекет додека Катица Јанева и Бојан Јовановски не го сторија истото иако кажаа дека го разбрале обвинението.

Ова е прво рочиште за случајот за кој обвинение е покренато на 10 октомври.

Сите тројца обвинети дојдоа во суд а Бојан Јовановски беше подложен дури и на лекарски преглед бидејќи се жалеше на влошена здравствена состојба.

По прегледот, лекарот утврди дека се работело за стрес, а Јовановски доби дијазепам.

Претходно , шоуменот кој е прв обвинет во случајот се жалеше дека повраќал цело утро и дека не може да го следи судењето, на што обвинителката Рускоска се спротивстави и кажа дека според дијагнозата на лекарите од Воена болница, животот на Боки13 не е во животно загрозувачка состојба.

Слично

Поврзани вести