ПРИЗМА: Кочан примен на Клиника во прединфарктна состојба, му вградиле стент
Бизнисменот Сеад Кочан, кој два месеци се наоѓаше во бегство, вчера на Клиниката за кардиологија бил примен во прединфарктна состојба и бил пренесен во апартман на клиниката, пишува призма.мк повикувајќи се на извори на Кардиологија.
Како што наведува овој медиум изворите за нив тврдат дека денеска на бизнисменот осомничен во случајот „Труст“ му бил вграден стент.Сеад Кочан се врати во земјава само еден ден откако Врховниот суд, на барање на Основното јавно обвинителство на Марко Зврлевски, му го укина притворот и го врати предметот на повторно одлучување.
Повеќе прочитајте тука.
Слично
