Привремен сообраќаен режим – подобро возете по заобиколни патишта на оваа релација!
Од денеска по 15 часот почнува нанесувањето на завршниот слој асфалт на новопробиените две сообраќајни ленти на булеварот Трета македонска бригада во Аеродром. Поради тоа, на делови од овој булевар ќе се воведе привремен сообраќаен режим, и тоа:
- Денеска /27.05.2014 година/ попладне и утре /28.05.2014 година, среда/ ќе се асфалтира потегот од бензинската станица „Пуцко петрол“ до објектот на Американ колеџ. Поради тоа за сообраќај ќе се затвори дел од раскрсницата кај објектот на „Тинекс“ и влезот во бензинската станица „Пуцко петрол“. Во текот на утрешниот ден, пристап кон сервисната улица кај „Тинекс“ ќе има од сервисната улица кај „Карпет макс“ и „Метро“.
- Во четврток /29.05.2014 година/ ќе се асфалтира делницата од објектот на Американ колеџ до сервисната улица кај „Карпет макс“ и „Метро“.
- Во петок /30.05.2014 година/ ќе се асфалтира делницата од „Карпет макс“ и „Метро“ до крстосницата со булеварот Србија.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење според условите на патот. Истовремено, Градот Скопје апелира граѓаните, доколку се во можност, да ја користат околната улична мрежа.
Слично
