Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИВИЛЕГИЈАТА СО ГОДИНИ ДА НЕ КРАДАТ И ДА ГО УЦЕНУВААТ СУДОТ И ДА СИ ЈА КУПУВААТ СЛОБОДАТА СО НАШИТЕ ПАРИ ЈА ИМААТ АРТАНОВЦИ, САШОВЦИ И ОСТАЛА БАГРА: Адвокатот Јанаки со став

ПРИВИЛЕГИЈАТА СО ГОДИНИ ДА НЕ КРАДАТ И ДА ГО УЦЕНУВААТ СУДОТ И ДА СИ ЈА КУПУВААТ СЛОБОДАТА СО НАШИТЕ ПАРИ ЈА ИМААТ АРТАНОВЦИ, САШОВЦИ И ОСТАЛА БАГРА: Адвокатот Јанаки со став

Адвокатот Јанаки Митровски со реакција за понудата на Артан Груби да не оди во притвор.

„Артан Груби ќе се врател, ама ако не му се одредел притвор. Во било која држава оваа бит пазар логика би била предмет на потсмев, но не и во Северна Депонија.

Сите се сеќаваме на бегството од 24 часа и пазарењето на Мијалков- ќе се вратам ама куќен да добијам.

И види чудо Мијалков се врати од бегство и не доби притвор. Значи од БЕГСТВО што е еден од основите за мерка притвор.

Затоа не се чудете ако Артан се врати, можеби во дежурство на друг судија, и не добие притвор.

Сето ова во состојба кога за годините 2020, 2021 и 2023 Основниот кривичен суд Скопје во првичните предлози усвоил фантастични 98.5% од предлозите за притвор, одбиените се на ниво на статистичка грешка. Тоа за обичните смртници.

Привилегија со години најбезобразно да не крадат и потоа да го уценуваат судот или да си ја купуваат слободата со НАШИТЕ милиони ја имаат разни Артановци, Сашовци и остала багра која не мокри од ќерамиди три децении“, вели тој.


Слично

Поврзани вести