Приведено лице на граничниот премин „Стар Дојран“
На граничниот премин „Стар Дојран“ ноќеска е приведено лицето Р.А.
Според соопштението од МВР во 1:30 часот во Полициската станица за Граничен
премин и Граничен надзор Стар Дојран, на излез од Република Македонија била
извршена контрола над товарно моторно возило „Мерцедес“ со валандовски
регистерски таблици со приклучно возило марка „Динкел“ со српски национални
ознаки, а управувано од Р.А.(32) oд Србија.
При проверката е констатирано дека вин бројот втиснат на шасијата не бил истиот
кој бил запишан во сообраќајната дозвола.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 378 од Кривичниот законик на Р.Македонија лицето било приведено во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.
Слично
