Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИВЕДЕНИ СЕ ВЕЛЕШАНИ: Им продавале молитви во тегли на ожалостените семејства во Кочани

ПРИВЕДЕНИ СЕ ВЕЛЕШАНИ: Им продавале молитви во тегли на ожалостените семејства во Кочани

Полицијата уапси лица од Велес затоа што им продавале молитви во тегли на ожалостените семејства во Кочани. За нив барале 600 денари. 

По извршениот претрес во домот на Д.С. (33) во Велес ги пронашла теглите и сомнителни предмети, па тој и неговата сопруга Р.С. (27) се приведени, а по насоки на Обвинителството ќе следи соодветна пријава.

„Една тегличка е 600 денари. Средствата ги донираме на семејство што собира пари за да се лекува неговото детенце во Грција. Имаме опција за две теглички за 1.000 денари. Таквата тегличка е совршена за подарок“, се вели во понудата на социјалните мрежи. 

Реагираа од Струмичката митрополија на МПЦ-ОА, од каде што ги повикаа граѓаните да не наседнуваат на понудите затоа што се работи за измама.

„Тоа е измамничка шема преку која лица под профилот „Библиска Македонија“ продаваат молитви во тегли и книги, користејќи ги името и авторитетот на викарниот епископ стобиски, г. Јаков. До нас стигна информација дека дури и роднините и родителите на загинатите деца во пожарот во Кочани подлегнале на ваквите лаги, порачувајќи од спорните работи. Оваа измамничка шема е сè, само не е во духот на православното христијанство“, се наведува во синоќешното соопштение на Струмичката епархија.

Луѓето кои ги купиле, објавија дека се тоа теглички со хартиени свиоци со молитви внатре. 

Во март во Кочани во пожар загинаа 62 луѓе. Тие семејства се ожалостени, а имаше и голем број повредени. 

Слично

Поврзани вести