Приведени се шест лица за инцидентот во „8 Септември“
Шест лица вечерва се приведени во полициската станица Гази Баба поради инцидент во Градската општа болница „8 Септември" во Скопје.
Еден од приведените бил позитивен на коронавирусот и тој е спроведен во полициска станица со специјални протоколи.
Починатата пациентка пет дена била на респиратор во ГОБ „8 Септември". Согласно протоколите починатите пациенти од КОВИД-19 ги подигнува специјална екипа од погребалното претпријатие Бутел опремена со скафандери и друга специјална опрема.
Слично
