Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИВЕДЕНИ СЕ ДВЕ ЛИЦА: Одземени се 4,5 килограми кокаин од групата на Штекли

ПРИВЕДЕНИ СЕ ДВЕ ЛИЦА: Одземени се 4,5 килограми кокаин од групата на Штекли

Јавното обвинителство вечерва информира дека се приведени две лица кај кои се пронајдени 4,5 килограми кокаин. Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, преку својот Фејсбук профил објави дека дрогата припаѓала на криминалната група на Раде Трајковски – Штекли.

„Одземени се над 4 килограми кокаин од групата на Штекли. Упорноста и професионализмот се клучни за успешната истражна работа. Во координација со Јавниот обвинител, продолжуваме со активностите против оваа криминална група. По само нецел месец од претходната акција, повторно запленивме значителна количина дрога од истата банда. Борбата против недозволената трговија продолжува – нема непобедливи криминални структури“, напиша Јанев.

Претходно, имаше обиди од криминални групи за ликвидација на Штекли, а потоа полицијата го уапси. 

Слично

Поврзани вести