Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приведени се десетина вработени во УЈП, Коцевски потврди дека се направени претреси на повеќе локации

Приведени се десетина вработени во УЈП, Коцевски потврди дека се направени претреси на повеќе локации

Приведени се десетина вработени во Управата за јавни приходи(УЈП), а постапката ќе се води во кочанското обвинителство. 

Љупчо Коцевски, државниот јавен обвинител изјави денеска дека се приведени десетина вработени во УЈП и дека се направени претреси на повеќе локации. Оваа предистражната постапка е поврзана со предметот за Кочани, но ќе се води во кочанското обвинителство.

„Во овој момент не може да открие на кои позиции во УЈП се лицата опфатени во постапката бидеќи сè уште се земаат генералии. Според моите информации, Обвинителството ќе предложи одредени мерки за приведените“, рече обвинителот. 

Коцевски информира дека за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување, рокот е за последните пет години или последните три, а во однос на другите кривични дела за поткуп, рокот е поголем.

фото ЈОРМ

Слично

Поврзани вести