ПРИВЕДЕНИ СЕ 15 ЛИЦА: Затворен е објект на подрачјето на Бит Пазар
Вчера во 21.20 часот, затворен e угостителски објект на подрачјето Бит Пазар, при што се приведени 15 лица.
Меѓу нив имало и еден малолетник. Сите приведени се од скопско. Тие се затекнати како гости во објектот. Инспектори од Државен пазарен инспекторат, во содејство со полицијата извршија контрола во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди“, кој работел после пропишаното работно време. Објектот е запечатен со пломба и затворен, а против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик.
Слично
