Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приведени неколку лица осомничени за синоќешниот напад на новинарска екипа

Приведени неколку лица осомничени за синоќешниот напад на новинарска екипа

При синоќешниот протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ беа повредени снимател и новинар.

Од МВР за неколку домашни медиуми потврдиле дека во врска со овој инцидент се приведени неколку осомничени лица.

На мета на демонстрантите се најде екипата на А1Он односно, снимателот Владимир Желчевски и новинарот Александар Тодевски.

Тие завршија на скопските клиники, а нападот врз нив беше осуден од бројни здруженија, синдикатот како и од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести