Приведени крадци, украле електричен тротинет
МВР информира дека се приведени двајца крадци на електричен тротинет, а украденото е вратено на сопственикот.
„На 11.07.2021 полициски службеници од СВР Скопје, ги лишија од слобода Л.М.(23) и Е.М.(22), и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, постапувајќи по пријава на А.И. од 10.07.2021 за одземен електричен тротинет“, соопшти полицијата.
Кај крадците, во патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени три електрични тротинети, меѓу кои и оној на оштетениот.
Слично
