Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приведени две лица, кај едното е извршен претрес, по вчерашниот политички протест

Приведени две лица, кај едното е извршен претрес, по вчерашниот политички протест

СВР Скопје соопшти дека се приведени две лица од вчерашниот политички протест на кој се бараше слобода и повторно судење за осудените лица кои упаднаа во законодавниот дом на 27 април 2017.

Двете лица со тврди предмети нападнале полицајци од кордонот.

„На 25.04.2021 од страна на полициски службеници на СВР Скопје приведени се Д.К. (22) и М.Л. (23) од Скопје, затоа што на вчерашниот протест во Скопје со тврди предмети нападнале полициски службеници кои биле дел од полицискиот кордон“

Лицата се задржани во полициска станица, а по добиена судска наредба ,извршен е и претрес во дом на М.Л. и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Слично

Поврзани вести