Приведени четири лица за давање поткуп за гласови во скопско
Вчера околу 19 часот во околината на скопската населба Драчево, на место викано Аџево, биле забележани лица кои давале пари во замена за глас на претстојните локални избори, соопшти полицијата.
Според сумата, станува збор за вкупно 2.250 евра кои се пронајдени кај четири лица.
„Од страна на полициски службеници приведени се четири лица. Е.Б. (26), С.М. (27) Н.Б. (50) и Ј.М. (35), а кај нив пронајдени се 121.000 денари и 250 евра. Известен е јавен обвинител и по добиени судски наредби извршени се и претреси во домовите на лицата, а тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка“, се вели во информацијата.
Вчера имаше и полициска интервенција за поткуп на гласачи во Лозово.
Слично
