Приведени 21-годишник и малолетник: Носеле пиштол и шест куршуми во автомобил
Полицијата извести дека утрово околу 8 часот при претрес на возило нашле пиштол и рамка со куршуми, по што двете лица се приведени.
„Денеска (03.12.2025) околу 08:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вршејќи мотопатролна дејност на ул. „1“ во село Јурумлери, сопреле патничко моторно возило „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(21), во кое како сопатник се превезувал 16-годишен малолетник , двајцата од Скопје. При извршените проверки, во возилото бил пронајден пиштол „Екол“ и рамка со шест куршуми. Лицата се лишени од слобода“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Слично
