Приведени 20-мина по тепачката со групата од Баница во Струмица
Полицијата привела 20 лица по инцидентот кој се случи вчера во казино во Струмица инициран од таканаречената „група од Баница“ по објавеното видео што ја вознемири јавноста, на кое се гледа како поголема група луѓе со палки и тупаници тепаат еден маж.
Во тепачката се повредени две лица, на кои им се нанесени телесни повреди, но животите не им се загрозени.
Пред снимената тепачка, претходела и друга пресметка која започнала во казиното откако еден од учесниците од „групата од Баница“ вознемирувал вработена во казиното, по што следувале и навреди на етничка основа над двајцата подоцна претепани жители на селото.
Во моментов МВР прибира и други снимки од видео камерите за целосно да се расветли случајот,а меѓу повиканите во полицијата за да даде исказ е и девојката која била вознемирувана.
