Приведен жител на Пласница, прскал полицајци со спреј
МВР објави дека е уапсен жител на Пласница, кој пред полициската станица во Кичево со спреј нападнал лице од кичевско, а ги испрскал и полицајците.
„На 17.05.2025 во 18.55 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.С.(32) од прилепското село Пласница. Во близина на полициската станица во Кичево, тој со спреј го нападнал и го испрскал по лицето А.А.(28) од кичевското село Туин, а потоа и полициски службеници кои се обидоа да го спречат во намерата“, објави СВР Охрид.
По документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
