Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приведен сопственикот на бензинските „Макоил“

Приведен сопственикот на бензинските „Макоил“

Мите Јовановски, сопственик на бензинските „Макоил“ е приведен утринава пренесе Телевизија 24.

Како што пишува овој медиум, Јовановски е приведен од страна на полицијата затоа што се спротивставил на отстранувањето на реклама поставена пред неговата бензинска станица во скопската населба Лисиче.

Со Јовановски, приведена е и неговата ќерка и уште една вработена во компанијата.

Полицијата асистираше на барање на Град Скопје за отстранување на рекламата пред бензинската. Јовановски претходно кажа дека веќе подготвил терен за дислокација на рекламата, но од градот инсистираа тоа да биде направено денеска.

Извор: Телевизија 24

Слично

Поврзани вести