Приведен мажот од Боговиње кој на тик-ток објави видео од дете како пука со пиштол
МВР соопшти дека е приведен 39-годишен маж кој на дете му даде пиштол да пука и тоа го објави на тик-ток.
Вечерва во 20.10 часот полицајците го привеле А.Џ.(39) од Боговиње, кој го објави видеото на кое малолетно дете пука со пиштол, а му помагаат две лица.
„Тој е задржан во Полициско одделение Камењане и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи", предвидено и казниво по чл.396 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
За настанот е информиран и Центарот за социјална работа, кој околу детето превзема соодветни мерки согласно нивната надлежност.
Слично
