Приведен кумот од првиот брак на Никола Груевски
Ристо Ногачевски, кумот од првиот брак на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, е приведен по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, неофицијално потврдува МВР.
Тој заедно со останати членови од групата е осомничен за кривично дело перење пари, по разговорите за купување на плацеви на Водно. Пред две години македонските власти ја блокираа неговата сметка како сопственик на Диамед Македонија, откако Новачевски ги имаше приватизирано деветте центри за дијализа во државата,
Ногачевски треба да биде однесен пред судија на претходна постапка, кој треба да одреди дали ќе бидат прифатени бараните мерки за претпазливост од обвинителот, како и да се изврши заплена на нелегално стекнатиот имот.
