Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приведен кочански полицаец поради продажба на дрога

Приведен кочански полицаец поради продажба на дрога

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани издаде наредба за спроведување на истражна постапка против полицаец за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. 

Пријавениот во периодот од февруари до април 2018 година, во два наврати, на И.Р. од Кочани, за сума од 11.000 денари му продал околу 80 грама марихуана. 

На 11 април по претходно добиени оперативни сознанија, од страна на Отсекот за недозволена трговија при СВР Штип биле преземени мерки и во близина на градскиот плоштад во Кочани, пријавениот е фатен во момент кога вршел продажба на марихуаната.

Судот изрече притвор во траење од 30 дена за полицаецот О.А.(36).​

Слично

Поврзани вести