Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приведен арачиновец кој му се заканувал на порталот НетПрес

Приведен арачиновец кој му се заканувал на порталот НетПрес

Полицијата објави дека е приведен арачиновец кој со електронски пораки се заканувал на вработени во информативниот портал НетПрес.

„На 02.12.2022 во 22.40 часот во Скопје, полициски службеници од Одделение за насилен криминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Ш.М.(31) од с.Арачиново, скопско.
Тој се сомничи дека на 01.12.2022 по електронски пат испратил порака со заканувачка содржина кон вработени во новинска агенција – интернет портал, поради претходно објавен текст“, соопшти МВР.


Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Слично

Поврзани вести