Повикан во полиција Александар Тасевски, синдикалецот на Контрола на летање
Александар Тасевски, синдикалецот на М-НАВ, е повикан од полицијата, затоа што e пријавен дека се заканувал преку мејл кон раководството на Контролата на летови.
Тасевски за „Сител“ дал изјава дека не се заканувал, туку дека ги откривал злоупотребите на раководителите за новите вработувања. Тасевски вели дека се работи за тенденциозна пријава за да се направи притисок врз синдикатот. Детали најави дека ќе соопшти утре.
Тој е претседателот на Синдикатот во контрола на летање, а во полиција бил пријавен од менаџментот на М-НАВ.
Слично
