Приведен 46 годишен маж од Прилеп поради обљуба на малолетничка
Човек на 46 годишна возраст од Прилеп бил приведен заради обљуба на малолетничка злоупотребувајќи ја положбата.
Но, нема информации каква била неговата положба за да може да му го стори тоа на 15 годишното девојче.
„НККР при ОВР Прилеп денеска (23.01.2021) поднесе кривична пријава до ОЈО Прилеп за сторено кривично дело „обљуба со злоупотреба на положбата" по член 189 од КЗ на РСМ, против Р.П.(46), пријавен од родител дека извршил обљуба врз 15-годишна малолетничка. Од страна на судија на претходна постапка определена му е мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Битола“, се вели во соопштението од МВР.
Слично
