Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приведен 22-годишник од Скопје, во комбе откриени производи без документација

Приведен 22-годишник од Скопје, во комбе откриени производи без документација

Дваесет и двегодишен жител на Скопје утрово бил приведен, откако полицијата во возилото што го управувал пронашла поголема количина производи без соодветна документација.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, приведувањето се случило денеска околу 1:10 часот на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје. Полициски службеници од Полициското одделение Мирковци го лишиле од слобода А.И. (22) поради сомнение за кривично дело „криумчарење“, казниво според член 278 од Кривичниот законик.

При контрола на товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го возел осомничениот, биле пронајдени големо количество производи без документација.

Од МВР најавија дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Слично

Поврзани вести