Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ КОНТРА ШИЛЕГОВ: Бесплатниот градски превоз нема да не уништи, ја поддржуваме идејата

ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ КОНТРА ШИЛЕГОВ: Бесплатниот градски превоз нема да не уништи, ја поддржуваме идејата

Приватните превозници од град Скопје ја поддржаа програмата на независната кандидатка Данела Арсовска и воведувањето на бесплатен јавен превоза идеја која деновиве ја критикуваат доста гласно од спротивниот табор. Од „Слобода превоз“ велат дека сакаат да ги негираат шпекулациите објавени од политичка партија кои, како што објаснуваат, произлегуваат од незнаење, но и најверојатно заради отсуство на комуникацијата со приватните превозници досега.

„Немаше комуникација во изминативе години и покрај многубројните проблеми со кои се соочувавме особено за време на пандемијата со Ковид 19 и заради големите финансиски проблеми кои произлегуваа од ненавремени исплати и големи долгови од Град Скопје преку ЈСП кон нас превозниците. Зачудени сме од загриженоста на некои фактори кои години наназад придонесуваат кон наше уништување, а сега се наводно загрижени за нас со тврдењето дека доколку се воведе бесплатен јавен превоз ние ќе сме пропаднеле. Ваквите тврдења не се точни и покажуваат основно непознавање на тоа како приватните превозници функционираат во Градот Скопје, таквите очигледно исто така не знаат дека такси превозот никогаш не бил и не може да биде конкуренција на линискиот автобуски превоз на патници. Воедно сакаме да ве информираме дека ние ја поддржуваме идејата за бесплатен јавен превоз, како што ќе поддржиме и ќе помогнеме во реализација на се и секоја идеја која ќе биде во интерес на граѓаните и сообраќајот во Скопје, како секогаш така и сега. Ние како приватни превозници, а не има од сите етникуми, политички партии и партиски неопределени ја поддржавме програмата за сообраќај на кандидатот за градоначалник на град Скопје Данела Арсовска, заради тоа што единствено таа во нејзината програмата не спомнува нас како приватни превозници и со конкретна поддршка за нас како такви, вели Ленин Јовановски од Слобода превоз.

Додава дека приватните превозници без разлика на политичката, етничката и верската припадност секогаш се здружени и единствени во поддршката на се она што значи овозможување поквалитетни услови во нашето работење и отворени врати за соработка и можност да бидеме сослушани за проблемите со кои се соочуваат.

А, тоа е она што за жал воопшто го немавме во изминатиот период, единствениот феномен, нула средби со актуелниот градоначалник и директорот на ЈСП . За сите прашања од страна на медиумите стоиме на располагање, доколку има потреба и пошироко да ги елаборираме фактите за состојбите во јавниот превоз во Скопје и сообраќајот воопшто, вели Јовановски.

Слично

Поврзани вести